Македонија
17. October 2023 - 16:32

За Мицкоски 8 мај е добар датум за избори, за Османи датумот треба да зависи од уставните измени

Откако во парламентот вчера неофицијално искалкулираа дека 8 мај е оптимален датум за одржување на заеднички избори – претседателски, и редовни, но рани парламентатарни избори, денеска опозицискиот лидер Мицкоски потврди дека тоа е прифатлива опција за ВМРО-ДПМНЕ.  

Тој предупредува и дека веќе државата е во уставна криза околу изборите бидејки во составот на ДИК недостасува член, што треба да го предложи албанската опозиција откако Алијанса на Таравари стана власт.

За интегративците пак, датумот за избори треба да биде одреден од темпото на носење на уставните измени, а не од партиски калкулации.

Како што објавивме 5 мај, иако влегуваше во калкулациите на собранискиот спикер Џафери како единствен рок за заеднички избори, веројатно е овој датум да биде поместен за 3 дена бидејќи се поклопува со Велигден. Гласање на овој голем христијански празник е неприфатливо и за власта и за опозицијата. Во таков случај, средата би била прогласена за неработен ден, а ќе има и доволно време за инаугурацијата за новиот шеф на државата на 12 мај.

Иако Ковачевски и Мицкоски јавно потврдија дека меѓупартиска работна група во парламентот ќе ги договара можните датуми за изборите партиските тимови се уште не исконтактирале, ниту пак, седнале на заедничка маса.

Во  меѓувреме, инфектологот Вело Марковски кој стана познат со советите во време на корона пандемијата, објави дека сака да влезе во трката за шеф на државата до година.