Вуков ќе ја предводи парадата на Порше низ Скопје

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков најави дека ќе го смени рангот на првенството, па од Порше Карера Куп Италија ќе оди на највисокото ниво, односно Светскиот Куп што се вози како дел од пропратната програма со Формула 1.
Оваа најава беше официјално соопштена на прес конференција кон крајот на ноември, а сега веќе се финализираат детали за промотивните активности во Македонија.
– Слично како пред две години, кога по „смирувањето“ на пандемијата беше организирана гала промоција, Вуков ќе го претстави новиот тим на посебен настан за медиумите и покровителите. Но, овој пат ќе има многу повеќе простор за публиката: заедно со официјалниот Порше клуб во нашата земја, ќе има парада на овие автомобили низ улиците на Скопје. За оваа пригода, новиот автомобил на Вуков ќе биде специјално транспортиран од Италија, освен по скопските улици, публиката ќе може одблиску да го разгледа новото тркачко возило кое ќе биде изложено и во еден од најголемите комерцијални објекти (шопинг мол), за што деталите се уште се финализираат и наскоро ќе бидат објавени, информираат од тимот на Вуков.
Парадата на Порше низ Скопје ќе се случува во периодот од 10 до 12 февруари.
Ново на Сител
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
-

Заврши конзервацијата и реставрација на иконостасот во црквата Свето Благовештение која траеше 5 години
-

Преглед на вестите од светот
-

Саем за туризам во Крушево - Адреналински парк, спа центри, мали локални винарии, разни специјалитети
-

Тема на денот со Бујар Османи, потпретседател на ДУИ
