Вучиќ: Најголемата вредност на Србија е нејзиниот народ и затоа мора да разговараме

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по повод собирите организирани синоќа од граѓани низ државата против блокадите, изјави дека најголемата вредност на Србија е нејзиниот народ и затоа мора да се води дијалог.
„Најголемата вредност на Србија е нејзиниот народ. Затоа мора да разговараме, да водиме дијалог. Обединети, можеме се“, рече Вучиќ на Инстаграм профилот со видео од граѓани на митинзи против блокадите.
Низ градови во Србија синоќа се одржаа собири на граѓани кои се спротивставуваат на блокадите, од кои беше порачано дека блокадите го попречуваат секојдневното функционирање и дека граѓаните сакаат нормален живот.
Од собирите беше кажано дека блокадите го попречуваат секојдневното функционирање и дека граѓаните сакаат нормален живот - слободно да се движат, да работат и да учат, а поддршка му беше дадена и на претседателот на Србија.
Собраните носеа транспаренти со натписи: „Граѓани против блокади“, „Правда, слобода, мир“, „Нема да ја дадеме Србија!“, „Ја сакам назад мојата Србија“ и „Сакам нормален живот“. На собирите беа присутни и премиерот Ѓуро Мацут и министри од Владата на Србија.
Директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ изјави дека на собирите „Граѓани против блокади“ на 95 места во Србија, имало нешто повеќе од 100.000 луѓе.
„Уште еднаш нагласувам дека денешните јавни собири поминале добро, дека собирите се одржаа на 95 локации низ цела Србија и дека имаше 104.000 луѓе“, рече Васиљевиќ на синоќешната прес-конференција. Тој додаде дека организатори биле од „Центар за социјална стабилност“.
МИА
Ново на Сител
-

ЕУ лани регистрирала 540 обиди за странско мешање, често поврзани со Русија и Кина
-

Теорија на заговор: Синот на Доналд Трамп е патник низ времето
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
