Вучиќ: Можно е наскоро да поднесам оставка

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека неговиот мандат наскоро ќе истече и можно е да поднесе оставка, наведувајќи дека нема да го скрати својот мандат како што некогаш го правеше поранешниот претседател на таа држава Борис Тадиќ.
„Значи, можно е наскоро да поднесам оставка“, им рече Вучиќ на новинарите во Пекинг на почетокот од неговата посета на Кина, пренесоа белградските медиуми.
Тој, исто така, рече дека некои собири, осврнувајќи се на синоќешните во Белград, на Славија, не можат да вознемират, особено кога се без добро осмислена содржина, празни и не се особено бројни, обвинувајќи ги организаторите на собирот за инциденти по неговото завршување.
Како што изјави тој, Српската напредна странка ќе организира собири од 26 до 28 јуни, но „пораките што ќе им бидат испратени на граѓаните се поважни од нашите бројки“.
МИА
Ново на Сител
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Советот на обвинители да го испита работењето на Абази
-

Уште две девојчиња пријавиле недолично однесување на наставникот од Штип
