Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија

Главниот одбор на Српската напредна партија (СНС) денеска во Ниш едногласно го избра претседателот Александар Вучиќ за кандидат за премиер и носител на листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“.
Вучиќ, изразувајќи благодарност за честа, рече дека нема партија што презема поголема одговорност за националните и државните интереси од СНС, но и дека постои големо влијание на странските служби врз она што се случува во Србија.
Одлуката ја соопшти претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, кој истакна дека партијата на изборите ќе настапи со Вучиќ како централна фигура на изборната листа.
Претседателката на Собранието на Србија и членка на раководството на СНС, Ана Брнабиќ, оцени дека претстојните избори ќе бидат исклучително тешки и одлучувачки за иднината на земјата.
Таа порача дека СНС ќе се спротивстави на, како што ги нарече, „анонимните пленуми и собири“, како и на луѓето кои, според неа, стојат зад нив и биле финансирани или организирани од странство.
Како можни датуми за одржување на парламентарните избори претходно беа споменувани 18 и 25 октомври.
Ново на Сител
-

Мицкоски со критики до опозицијата - имаат тотално непознавање на економијата
-

Еврокомесарката Кос најавува дека оваа есен ќе биде „есен на проширувањето“
-

21 барање за 5-ти и 6-ти обид за ин витро на државна сметка
-

МОН со 90 милиони евра гради нови училници за едносменска настава и нови спортски сали
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
