Втор ден од Регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан - МЕФ 2026

Со панел - дискусија на тема „Размена на лидерски искуства на високо ниво „Од реформа до реализација: Градење на конкурентна и отпорна енергетска иднина“ продолжува Регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан - МЕФ 2026.
На овој панел предвидено е да се обратат Орхан Муртезани, специјален советник на премиерот, шведскиот амбасадор во земјава Ола Сулстром, амбасадорот на Австрија Мартин Памер, директорот на АД МЕПСО Бурим Латифи и Александра Бујароска, експерт за животна средина во секретаријатот за енергетска заедница.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера на отворањето на форумот порача предизвиците во најголемата енергетска криза да ги претвориме во наша можност и да видиме што можеме заедно како Западен Балкан да испорачаме за Европа, за нашиот заеднички континент.
- Западен Балкан во моментов (Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Македонија) можат да понудат отприлика годишно производство од 260 терават-часови нови производни капацитети во делот на обновливата енергија. Или ако ова го помножиме со некои стотина евра по мегават-час, тоа значи дека на годишно ниво можеме како Западен Балкан да акумулираме бизнис којшто и е потребен на Европа, само една петина од потребите на Европа, вреден 26 милијарди евра годишно. Кога на тоа ќе се додадат средствата потребни да се изградат овие капацитети и кога на ова ќе се додадат инвестициите во дистрибутивната и преносната мрежа, слободно оваа бројка триплирајте ја. Ова е тоа што можеме на годишно ниво да го понудиме за Европа и потребите на Европа, рече Мицкоски.
Форумот се одржува под мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, а ги обединува носителите на политики, меѓународните организации, финансиските институции, приватниот сектор и граѓанското општество, со цел зајакнување на регионалната климатска соработка и отпорност.
МЕФ 2026 оваа година има статус на официјален партнерски настан на Претседателството со COP31, со што станува дел од пошироките меѓународни подготовки за претстојниот глобален климатски самит. Заклучоците и препораките од дискусиите во Скопје се очекува да влијаат на регионалниот придонес во глобалните разговори за климатска акција, енергетска транзиција, климатска отпорност и одржлив економски развој.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани со работата на историската комисија
-

Трамп: Денеска повторно силно ќе го нападнеме Иран
-

Шампионот Вардар казнет парично поради пиротехника од ФФМ
-

Уапсен разбојник од битолско, влегол во туѓ дом, го нападнал сопственикот и му одзел личен предмет
-

ЈП Лајка: Токсичниот инсектицид ланате е отровот што деца го пронајдоа во близина на детско игралиште во Кисела Вода, утврди Институтот за судска медицина
-

Приведени 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола
-

СВР Скопје поднесе кривична пријава за случена сообраќајна несреќа во населба Илинден во која загина едно лице
-

Приведен 43-годишник од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква
