Втор ден блокада на Собранието - тензии и напнатост
Процедурални забелешки, барања за дополнувања или измена на дневниот ред, тактизирања околу кворумот кога власта во салата нема мнозинство од 61 пратеник за носење на одлуки...Опозициската ВМРО-ДПМНЕ втор ден ја спроведува активната блокада на парламентот поради тоа што премиерот Ковачевски не прифати лидерска средба за предвремени избори.
Атмосферата меѓу опозициските пратеници и собранискиот спикер Џафери напати и нервозна.
Пратениците на власта денеска без воздржани од коментари за нивните колеги. Партиската реакција од СДСМ е пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат своите плати.
„Гледаме дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не влегуваат на седници, не закажуваат седници на комисии кои ги водат, односно не работат ништо во интерес на граѓаните. Наместо блокади на Собранието во време не светска економска криза, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат парите за плати, дневници, патни трошоци и мобилни телефони. Над 55.000 евра месечно, во време на криза, се сериозни средства со кои може да им се помогне на илјадници семејства, кажа Богданка Кузевска, портпарол на СДСМ.
Од опозициската партија возвраќаат дека нивните пратеници работат во Собранието и тоа за да ги спречат штетните закони од власта.
- Можеби они да не наведуваат дека правиме некаква блокада, но во меѓу време они во Собрание пробуваат да си протнат закон што е посебна лотарија, да си направат еден посебен орган каде што ДУИ ќе биде главен на таа лотарија и на крајот од денот, може да видиме дека они не поднесуваат некои економски закони за добробит на граѓаните, поднесуваат свои закони како да си ги наполнат џебовите. Тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати и затоа ќе има активна блокада, изјави Владо Мисјаловски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската БЕСА се придружи на бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ, додека пак, Села се уште вели дека иако е за предвремени избори ќе го чека датумот за преговори со ЕУ до 22 јуни. Тпој вели дека пратениците на Алијанса и сега на секој можен начин се обидуваат да спречат штетни закони во парламентот.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
