Возачите на „Шкода“ најмногу пцујат, меѓу британските возачи

Британскиот интернет-портал „Казино-онлајн“ испита 2.000 возачи од Велика Британија, за „богатиот речник и елоквентноста зад воланот“. Прашањето гласело: Дали, како возач, пцуете и колку често го правите тоа додека возите?
– Порано мислевме дека возачите на „Шкода“ се луѓе кои не се задеваат и не се мешаат во животот на другите и кои се доста благопријатни… Сепак, нашите наоди покажуваат дека, денес, ова е далеку од вистината, рече испитувачот Питер Јејтс.
Имено, анкетата покажа дека возачите на „Шкода“ најмногу пцујат. Според наводите, барем еден од секои 104 зборови што ги кажуваат, е пцовка. Зад нив, пак, се оние кои си купиле „Рејнџ ровер“, изговарајќи една пцовка на секои 106 зборови кажани зад воланот. Сопствениците на „БМВ“ се следните највулгарни возачи, со пцовка на секои 109 зборови. Љубителите на „Форд“ се на четвртото место, изговарајќи пцовка на секои 111 зборови.
Најкултурни од анкетираните британски возачи, се оние на „Тесла“, кои пцујат само еднаш на секои 145 зборови.
На македонскиот пазар, според „Бест селинг карс блог“, најпродавани три автомобили за 2024 година се „Кија спортиџ“, „Шкода октавија“ и „Шкода камик“. Потоа следуваат „Тојота корола“, „Дачија дастер“ и „Опел корса“. За 2025., досега, двете „Шкоди“ се меѓу првите четири места, заедно со „Рено клио“ и „Тојота корола“.
МИА
Ново на Сител
-

Идната недела стартуваат разговорите за реконструкција на Владата
-

Сиљановска: Проверка на потекло на имот и сериозни реформи за поголема доверба во судството
-

Ахмети најави повлекување, аналитичарите не очекуваат брза смена
-

Филипче: Тотален колапс во земјоделството - нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени
-

Со ,,Дојран гурман фест,, отворена летната туристичка сезона
-

Ако се биде како што треба пруга долж Коридорот 10 ќе почне да се гради на есен
-

Оф-роуд ентузијастите од Штип, во служба на пожарникарите
-

Младите наместо пред телефони да спортуваат
