Вооружен напад во САД, на две локации убиени 22 лица
Полицијата на Луистон во американската сојзуна држава Мејн трага по напачачот кој доцна синока уби 22, а рани повеке од 50 лица. На жителите на Луистон како и на оние во соседниот град Лисабон, им е кажано да останат на дома. Објавени се фотографии од напаѓачот и возилото кое го користел при крвавиот поход. Од засега непознати причини отворил оган со полуавтоматска пушка во ресторан и во куглана, кои се оддлечени околу 6,5 километри.
-Полицијата моментално трага по Роберт Р. Кард, 4/4/1983 од Боудин-Кард се смета за вооружен и опасен. Ако луѓето го видат, не треба да му приоѓаат на Кард или да стапат во контакт со него на кој било начин, изјави Мајк Сошук, комесар на одделението за јавна безбедност на Мејн
Според полицискиот извештај, Кард е воено обучен инструктор за огнено оружје и резервсит на американската армија.Тој бил во ментална институција две недели во текот на летото оваа година, откако наводно слушнал гласови кои му рекле да пука во базата на Националната гарда. Во неговото досие има и пријави за семејно насилство. Луистон има околу 38.400 жители и според американските медиуми редовно е рангиран меѓу најбезбедните градови во САД.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
