Вонредна состојба во Словенија, силно невреме на Балканот
Силен дожд и синоќа врнеше во Словенија поради што има нови поплави во најпогодените Горењска и Корошка. Словенечните власти соопштија дека сите служби во текот на ноќта вложиле големи напори да избегнат уште потрагични последици од невремето.
Многу места наликуваат на Венеција, бројни патништа се уште се затворени а вода за пиење нема на повеке места во северниот дел на Словенија бидејки се оштетени воводоводните цевки. Поројни дождови и излевање на реките и денеска се очекуваат во централна, северна и источна Словенија објави Агенцијата за животна средина, која издаде црвена тревога за речиси целата земја.
Во невремето и полавите загинаа три лица, а штетата се проценува како најголема досега во истоијата на земјата предизвикана од елементрарна непогода.
Невремето синоќа ја зафати и Хрватска, а врвот на бранот од Словенија се очекува денеска. Сава во некои делови се излеаа од коритата, а во цела држава се на сила претежно редовни мерки за одбрана од поплави, освен во Дрење Брдовечки каде е на сила вонредна состојба.
Невремето стигна и во делови на Србија. На удар се најде и Белград. Околу 14 часот ветер, дожд и град ја зафатија српската престолнина, по што како што пренесуваат српските медиуми некои делови од градот останале без електрична енергија.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
