Македонија
5. November 2017 - 17:42

Водопадот не е единственото природно богатство со кое подбеласичкото село Смоларе може да се пофали

Водопадот не е единственото природно богатство со кое подбеласичкото село Смоларе може да се пофали. Тие го имаат  и смоласкиот костен, спечифичен по неговиот вкус и  за чија промоција веќе осум години прават посебен фестивал. Во посебноста  на костенот од Смоларе денеска се увери премиерот Зоран Заев. Тој од костенијада порача дека  ваквите манифестации и вредноста на традиција се она важното кое моеже да ги поврзе  граѓаните од сите краебви на Македонија.

,, Овој прекрасен продукт костенот кој што е познат во цела Македонија овде е наша гордост на целиот струмички регион, посебно на општина Ново Село  каде што негувајќи ја традицијата која што ја негувале нашите дедовци и прадедовци продолжуваме во духот на таа традиција да ги собираме граѓаните заедно како што може, како што треба да си личи помеѓу нашиот народ во нашата Македонија. Јас се надевам дека сите вакви убави прекрасни традиции ќе продолжат понатаму заради тоа што тоа е убавината која ни е стекната благодарение на нашите природни убавини , верувајќи дека ќе продолжат да бидат и врвка сплотувачка помеѓу целиот наш народ.,, рече Зоран Заев – претседател на владата на РМ

Од општина Ново Село која е организатор на манифестацијата велат дека истата  значи многу за промоција на регионот и привлекување туристи и во есенскиот период.

,, Настанот има за цел да ги зближи луѓето не само од нашата општина, туку од сите краишта во Македонија како и соседните држави.,, рече Боро Стојчев – градоначалник на општина Ново Село

Вредните домакини годинава многубројните гости ги почестија со близу еден тон печени костени. Велат поради троските горештини родот бил намален, ама затоа се пофалија со одличен квалитет.

,, Таа година слабо родија, ама многу се квалитетни, убави и благи со мерак да ги јадеш. Па затоа е прочуен, смоларки костен си е смоларски костен, има тука во подгорјето костени ама не се како смоларскиот костен.,, рече Тихомир Максалов – жител на Смоларе

,, Почвата на костенот во овој крај била поинаква во однос на другите региони и затоа е добар и благ. Тоа се зборуваше од нашите стари и така останало .,, рече Манчев Ристо – жител на Смоларе

Покрај вкусните смоласки костени големиот број гости кои пристигнаа скоро од цела држава имаа можност да вкусат и дел многубројните специјалитети карактеристични само за овој регион, но и да уживаат во природните убавини и богатата културно забавна програма.