Loading Video...
Свет
4. October 2023 - 16:47

Во Венеција е ден на жалост за жртвите во автобуската несреќа

Во Венеција денеска е ден на жалост по синоќешната автобуска несреќа во која најмалку 21 лица загинаа, вклучително и деца. Бројот на загинати може да се зголеми, бидјеки неколку од 15 мината повредени се во кртиична состојба соопштија здравствените власти. Меѓу повредените има и три деца.

Автобусот бил полн со туристи од Франција, Германија, Украина, Хрватска и Австрија. Автобусот од засега непозанти причини излетал од патот и падна на пруга од височина од 15 –тина метри по што се запали.

Возачот, 40 годишен италијанец, е мегу жртвите. Истражителите се надеваат дека надзорните камери што го следат сообраќајот на локацијата ќе дадат повеке информации за можната причина за несреќата кој се случи во близина на Венеција. 

Огромен пожар избувна 40 минути по полноќ во хрватскиот град Осиек. Се запали пластична маса и амбалажа во дворот на фабриката Драва Интернационал.

Над 100 пожарникари кои цела ноќ и утро водеа тешка битка со огромните пламени јазици, успеаја да го стават пожарот под контрола. Огнената стихија зафатила и една зграда од фабриката, а тројца пожарникари  се повредени. Согорувањето на пластиката произвело големо количество чад и отровни гасови кои се шират поради силниот ветер, па градските власти ги предупредија граѓаните што помалку време да поминуваат на отворено и да ги затворат прозорците.  

Кевин Мекарти е сменет од функцијата претседател на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, откако му беше изгласана недоверба во постпака иницирана од неговата републиканска партија. Најтврдокорните републиканци го покренаа гласањето откако Мекарти постигна договор со демократите за да спречи претстоен шатдаун на владата во последен момент минатиот викенд. Во гласање за доверба, осуммина републиканци гласаа за негова смена.

Демократите во претставничкиот дом одлучија да не му помогнат на Мекарти и гласаа против него. Ниту еден конгресен лидер никогаш не бил сменет од фунцкијата. Претседателот на Претставничкиот дом се смета за трета најважна фунцкија во американската хиерархија, по претседателот и неговиот заменик. Засега е нејасно кој ќе го наследи Мекарти од редовите на Републиканската партија, која има мнозинство во Претставничкиот дом.