Во угостителски објекти во Тетово пронајдени дрога и ладно оружје

Дрога и ладно оружје се пронајдени во угостителски објекти на територија на Тетово. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека приведени се четири лица.
- На 17/18.07.2026 во период од 23:30 до 02:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на територија на СВР Тетово, при што се пронајдени ножеви и дрога, а приведени се четири лица. При вршење на контрола во угостителски објект во Тетово, при преглед во задната страна од објектот, пронајдени се две кесиња со бела прашкаста материја. При контролата на други објекти, приведени се А.А. (23) од с. Ново Село, затоа што ги омаловажувал полициските службеници, а Е.Р. (29) од с.Камењане, С.А. (24) од Гостивар и С.Ј.(59) од с.Голема Речица се приведени затоа што кај нив се пронајдени ножеви, соопшти МВР.
По целосно документирање на случаите, се најавуваат соодветни пријави.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
