Македонија
13. July 2026 - 14:13

Во сообраќајка меѓу патничко овозило и мопед тешко повредени двајца малолетници

На 12.07.2026 во 13:15 часот во СВР Штип е пријавено дека на локалниот пат Штип-с.Шашаварлија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од О.В.(50) од Штип и мопед без регистарски ознаки, управуван од 14-годишник од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишникот, додека со телесни повреди неговиот 12-годишен сопатник, констатирани во Клиничка болница Штип.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.