Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици
Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св. Петар и Павле“ и ЈКП Комуналец и оваа година традиционално организира празнување на големиот христијански празник Богојавление Водици. За таа цел во тек се последните подготовки за прослава на големиот христијански празник Богојавление – Водици за кој организаторите ги дефинира деталите за целокупната манифестација што ќе се случува на 19 јануари во Пехчево.
По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, црквата „Св. Петар и Павле“ ќе одржи света божествена литургија. Литургијата ќе започне во 8 часот, додека чинот на фрлањето на светиот крст во водата на реката Писа е најавено за во 10 часот во центарот на Пехчево. Годинава за оној кој ќе биде најсреќен и ќе го фати крстот во реката Писа, предвидени се прикладни награди, информираа од Општинаѕа
За многубројните посетители на оваа манифестација, која од година во година станува се помасовна, локалната самоуправа и оваа година обезбеди бесплатни топли пијалоци.
-Задолжително за сите учесници кои ќе скокаат во водата по светиот крст треба да извршат медицински преглед кај својот матичен лекар. Со издадената потврда од матичениот лекар задолжително треба да се пријават кај питроп Јованчо Станоевски 077/943-301 најдоцна до 18 јануари 2024 до 17 часот во храмот Св. Петар и Павле, додадоа од Општина Пехчево.
Оттаму упатија апел до верниците масовно да присуствуваат на осветувањето на водата во реката Писа, со што во духот на традицијата ќе го одбележат празникот Богојавление, Водици.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Владата подготвува мерки за поддршка на млекопроизводителите, ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав
-

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“
-

Авион на „Рајанер“ принудно се врати во Солун поради дефект на моторот додека летал над Македонија
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
