Македонија
1. September 2022 - 16:39

Во Општина Охрид наставата ја почнаа и 539 првачиња

Охридските основни училишта ја стартуваа новата учебна година.После дологогодишното намалување годинава 539 првачиња седна во училишните клупи односно 53 повеќе од лани.Наставата се одвива со физичко присуство а детскиот џагор повторно ги исполни училишните дворови, без антиковид-протоколи и обврска за носење заштитни маски.

Општина Охрид го санира долгот на школите од 20 милиони денари а доделени се стипендии за учениците и  финансиска помош за првачињата.

Во општина Охрид има девет основни училишта, каде денес започна образовниот процес.