Во октомври издадени 446 одобренија за градба, 22.9 % повеќе од лани

Во октомври 2025 година се издадени 446 одобренија за градење, што е за 22,9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 10 596 843 илјади денари, што е за 25,1 % повеќе во споредба со октомври лани. Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за градба на Државен пат А2, делница Букојчани Кичево прва фаза, подделница Црвивци-Кичево со должина 6,527 км, кој е со вредност од 44 милиони евра.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 289 (64,8 %) се наменети за објекти од високоградба, 68 (15,2 %) за објекти од нискоградба и 89 ( 20,0 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 446 објекти, на 247 (55,4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 199 (44,6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 177 станови со вкупна корисна површина од 101 286 м2.
МИА
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
