Во охридските градинки се бара место повеќе
Во охридските градинки се бара место повеќе.И оваа година има зголемен интерес за сместување на децата ,најмногу поднесени барања има за јаслените групи. Едни родители молат за упис на детето, а други, пак, држат место. Листите за чекање не се намалија. Моментално има околу 390 барања од кои 120 се ставени на списокот и чекаат да бидат примени. Комисијата формирана од разни профили во градинката ќе одлучува за прием на децата.
Како што посочуваат од детската градинка Јасна Ристеска приоритет имаат децата со посебни потреби и самохраните родители.
Потребата од нова градинка или надградба на објектот на централната градинка станува актуелна во перидот кога стартуваат уписите во оваа година. Родителите се се повеќе заинтересирани децата да им бидат сместени во некој од петте постоечки објекти и во 4 адаптирани одделенија во приградските населби.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
