Македонија
27. July 2022 - 12:22

Во Охрид се откажуваат добиени грантови за отворање на сопствен бизнис

Невообичаена појава на пазарот на трудот во Охрид. Се откажуваат грантови за отварање на сопствен бизнис, невработените немаат желба да соработуваат со економските консултанти кои треба да им помогнат во бизнис планот а многу често дел од нив ја напуштаат и обуката кај работодавачите за што државата дава субвенции.

Според податоците на Агенцијата за вработување сега има чести појави кога си заминуваат работниците од работа.

Од охридската агенција за вработување велат дека невработените лица со прекин на обуките за одредена струка или преквалификација ја губат можноста за здобивање со сертификат кој ќе ја зголеми нивната вработливот на пазарот.