Македонија
11. April 2022 - 16:42
Во Охрид 90 отсто од наставниот кадар во училиштата и над 60 проценти од воспитувачките штрајкуваат
Во струшкото средно училиште Нико Нестор денеска се одржува редовна настава. Половина од професорите не го подржаа генералниот штрајк на СОНК.
Од вкупно 126 наставници штрајкуваат 66 а останатите држат настава и предаваат во две смени. Од регионалниот одбор на СОНК пак велат штрајкуваат поголемиот дел од професорите и наставниците во општините Струга, Дебар, Вевчани и Центар Жупа.
Во Охрид 90 отсто од наставниот кадар во училиштата и над 60 проценти од воспитувачките и негувателките во градинките штрајкуваат. Наставниците се во училиштата, во посебни простории и не изведуваат настава.
Претставниците на СОНК од Охрид и Струга најавија дека остануваат во штрајк до остварувања на нивните барања.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
