Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен

Електричните возила во Норвешка се присутни речиси насекаде. Оваа нордиска земја, позната по своите огромни резерви на нафта и гас во Северното Море, долго време е предводник на патот кон целосно елиминирање на бензинските и дизел-возилата од пазарот на нови автомобили. А, сѐ тоа - благодарение на низа мерки за поттикнување на купувањето електрични возила, како што се пониските даноци.
Според Норвешката асоцијација на електрични возила, во некои поголеми градови околу 30 отсто од сите патнички автомобили се веќе целосно електрични. Во главниот град Осло, таа бројка е 40 насто. Кристина Бу, генерална секретарка на Aсоцијацијата, за „Си-ен-би-си“ (CNBC) вели дека тоа е одлична вест.
- Многу е забележливо. Мислам дека некои луѓе дури не ни сфаќаат колку е ова добро, бидејќи се случува толку брзо. Воздухот е почист, потивко е и навистина не ги чинеше многу потрошувачите, за да го сменат (своето возило). Луѓето уживаат во возењето електрични возила и тоа функционира многу добро, изјави Бу.
Продажбата на електрични автомобили во Норвешка порасна од помалку од еден насто од вкупната продажба во 2010 година - на 88,9 отсто лани. Според Норвешката администрација за јавни патишта, електричните возила сочинуваат повеќе од 93 насто од сите нови возила продадени во 2025 година досега.
Недостатокот на силно лоби за „традиционални“ автомобили во Норвешка се смета за еден од факторите што го олеснуваат воведувањето на електромобили.
- Норвешка има силна политика веќе со години. Не станува збор само за даночни олеснувања за електричните возила, туку и за зголемување на даноците за автомобили со мотори со внатрешно согорување. Последниве три години, даноците за купување се удвоија - а тие веќе и беа високи претходно... Така, во Норвешка, загадувачките автомобили се оданочуваат до „точка на истребување“, додаде Бу.
Некои пратеници ја доведоа во прашање праведноста на системот за стимулации за електрични возила, тврдејќи дека тие непропорционално им користат на побогатите граѓани и оти тоа би можело да биде на штета на други одржливи видови сообраќај, како што е возењето велосипед, или пак, пешачењето.
МИА
Ново на Сител
-

Лебот и пецивата под притисок за поскапување
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
-

Македонија втора недела под топлотен бран - не се исполнети условите за црвена фаза
-

Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот
-

СДСМ поднесе кривични против здравствените власти - ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години молчеле за неисправната вода
-

Истекува рокот за притвор на Груби, без обвинение следуваат поблаги мерки
-

Пристигнуваат тестовите за дрога – што треба да знаете?
