Во Милан очекуваат ветеранот Лука Модриќ да има лидерска улога во тимот

Спортскиот директор на миланскиот гигант, Игли Таре, потврди дека се очекува Модриќ да има клучна лидерска улога по неговото доаѓање од Реал Мадрид. Тој додаде дека клубот бара и повеќе играчи од средниот ред за да го засили тимот за следната сезона.
-Лука е важна фигура во светот на фудбалот. Имав можност лично да разговарам со него и видов играч кој сака да биде конкурентен. Неговото доведување ќе биде фундаментално, бидејќи на тимот му е потребен играч од ваков калибар. Нема да биде само тој, туку едно или две нови засилувања кои ќе бидат дел од кругот на искусни играчи. Мора да го направиме вистинскиот избор и да ги добиеме играчите што ни се потребни. Сакаме да ја подобриме класата и перформансите на тимот, изјави Таре.
Лука Модриќ (39) ќе му се придружи на Милан како слободен агент откако ќе заврши учеството на Реал Мадрид на Светското клупско првенство.
Ново на Сител
-

Одбележан Светскиот ден за безбедност и здравје при работа
-

Сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
-

Денарот стабилен, довербата расте, депозитите во пораст
-

Преглед на вестите од светот
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
