Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин

Романски државјанин синоќа бил успешно пронајден во кањонот Матка, откако побарал помош преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Лицето се изгубило при самостојно движење во реонот на Матка, во близина на пештерата Врело, на подрачјето на Општина Сарај.
Веднаш по приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи (ЦУК( ги презел сите неопходни активности и ги известил Министерството за внатрешни работи (ЦИК Скопје), Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст на Република Северна Македонија, со барање за нивно вклучување во потрагата.
- Преку континуирана комуникација со изгубеното лице, операторите на ЦУК успеаја да ја утврдат неговата приближна локација врз основа на координатите и податоците од повикот на 112, по што тие беа доставени до ЦИК при МВР за полесно и побрзо лоцирање. На лицето му беше дадена јасна инструкција да не се движи од местото каде што се наоѓа, бидејќи поради ноќта, непристапниот терен и дезориентацијата, тоа претставувало најбезбедна опција и воедно овозможувало полесно спроведување на потрагата - информираат од ЦУК.
Од страна на МВР – ЕВР Ѓорче Петров и Полициската станица Сарај, во координација со ЦУК, веднаш била организирана теренска потрага. Поради непристапноста на теренот од страната на Матка, спасувачката екипа до местото се упатила преку Националниот парк Јасен.
Во потрагата, со теренско возило, активно се вклучи и директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, како поддршка на полициските екипи.
- Во 03:45 часот лицето беше успешно пронајдено. Иако било видно испаничено и дезориентирано, било во стабилна здравствена состојба. По пронаоѓањето, беше пренесено во Полициската станица Сарај, каде што Министерството за внатрешни работи презема понатамошни мерки согласно своите надлежности, имајќи предвид дека станува збор за странски државјанин - се наведува во соопштението од ЦУК.
МИА
Ново на Сител
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
