Во ЈЗУ во Гостивар вчера прегледани 127 пациенти со симптоми на ентероколит

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (26.07.2026) се евидентирани вкупно 127 новопрегледани лица со симптоми на ентероколит кои првпат побарале лекарска помош, што покажува благо зголемување единствено во однос на претходниот ден, додека оваа бројка е помала од бројот на новопрегледани пациенти во изминатите денови, информира Министерството за здравство.
Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад" Гостивар се регистрирани вкупно 91 нови прегледи, од кои 41 на инфективното одделение, 50 на педијатриското одделение.
На инфективното одделение е примен еден пациент на болничко лекување и еден е хоспитализиран на педијатриското одделение.
Во Здравствениот дом Гостивар се регистрирани 36 нови прегледи во дежурна служба.
МИА
Ново на Сител
-

Кобен јули за истокот, пожари, па невреме
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
