Внимавајте: Кафе не смее да се пие пред 9 часот наутро

Според неврологот Стивен Милер од Универзитетот за здравствени науки, првото утринско кафе не треба да се пие пред 9 часот. Причината за ова е затоа што помеѓу 8 и 9 часот наутро, нивото на кортизол во крвта е доста високо.
Се работи за хормон на стрес, кој ја поттикнува работата на телото во фаза на будење и нè прави будни.
Според Милер, кафе е најдобро да се пие најмалку 90 минути после будењето.
- Кафе наутро е најдобро да се пие помеѓу 9:30 и 11:30 кога нивото на кортизол во крвта е ниско, вели научникот.
Тој објаснува дека телото потоа може полесно да го обработи кофеинскиот стимуланс и истакнува уште еден факт што малкумина го знаат, лицето кое инјектира кафе во телото додека природниот хормон кортизол се уште работи, може да развие отпорност на кофеин.
Кафето го намалува производството на кортизол и ја намалува енергијата. Како резултат на тоа, телото не работи правилно, па затоа бара повеќе кофеин. Ако станете рано наутро пред 8 часот, нивото на кортизол се зголемува порано.
Ако подоцна станеме, нивото на кортизол се зголемува подоцна. Сите се согласуваат дека кафето не треба да се пие доцна во вечерните часови, бидејќи може да го прекине сонот во рок од шест часа по консумирањето, иако врвот на активноста е околу половина час по пиењето.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
