Македонија
14. April 2022 - 19:56

ВМРО-ДПМНЕ ќе предлага Закон за повисоки плати на наставниците, СДСМ бара штрајкот да се прекине

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во парламентот ќе поднесе ново законско решение за покачување на платите во образованието, најави потпретседателот на партијата Александар Николоски. Предлогот за ново законско решение следи како трезултат на штрајкот на СОНК за кој ВМРО-ДПМНЕ смета дека е легитимен и оправдан.

Од власта пак, велат дека до решенија за повисоки плати во образованието треба да се дојде преку дијалог, а не со уцени.

 „ Наставниците да се водат од интересите на учениците кои се иднината на нашата држава. Да не се дозволи штрајкот да влијае на прекин на образовниот процес или на продолжување на учебната година...Исто така тоа негативно ќе се одрази и на уписите, на полагањето државна матура, но и на полагањето стручен испит за околу петстотини наставници.

Од власта претходно коментираа и дека опозицијата го партизирала штрајкот на СОНК.