Македонија
7. April 2022 - 16:30

ВМРО-ДПМНЕ го повика Ковачевски да ги информира пратениците за разговорите со Бугарија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со допис побара премиерот Ковачевски во текот на месецот да дојде во собраниската Комсијата за надворешни работи и да реферира за последните разговори со Бугарија, но и да ги достави последните нацрт-документи кои биле разменети меѓу двете страни.

Очекуваме позитивен одговор од премиерот Ковачевски, доколку вистински се залага за принципите за инклузивност, на отчетност и на заедничко работење на сите институции, вклучително и на пратениците како народни избраници, за доброто на државата да поразговараме на една седница за најновите нацрт-документи кои што Македонија веќе ги преговара со официјална Софија, рече Антонио Милошоски.

Милошоски, кој е и претседател на Комисијата за надворешни работи, потсети дека и експремиерот Заев во 2017 година, на барање на опозицијата, дојде во Собранието и на затворена седница реферираше за тогаш најавениот Договор за добрососедство со Бугарија.

Од власта пак, без коментар за повикот на опозицијата.

Од кабинетот на Ковачевски пак, иако побаравме одговор дали премиерот ќе отиде во парламентот, одговор не добивме.

На отчет пред пратениците на Космијата за надворешни работи токму за разговорите со Софија кон крајот на јануари беше и министерот за надвошрени работи Бујар Османи. Опозоцијата и тогаш бараше докумнети од преговорите, но не ги доби.