Власта остана без кворум, ќе останат ли пензионерите без ветената помош?
Власта остана без кворум во парламентот и не успеа да го изгласа дневниот ред на седницата. Опозицијата ја напушти салата поради Одлуката за избор на членови на Комсијата за избори и именувања што според ВМРО-ДПМНЕ е неуставно и недоловнички, но и откако не беа прифатени нејзините антикризни мерки.
Имено, опозицијата побара власта да го прифати нивниот предлог за 50 отсто помала акциза за нафатата и нафтените деривати бидејки тоа ќе значи пониски цени за бензините отколку што тоа се направи со скорешната владина мерка.
Власта без збор го одби и предлогот на опозицијата за нула отсто ДДВ за поголема листа на прехранбени поизводи.
Претходно, власта и опозцијата дадоа поддршка на владиниот предлог за зголемувње на пензиите два пати годишно согласно растот на трошоците за живот и растот на просечната плата.
Поради проблемите со кворумот, пензионерите за повисоки пензии и помош од 1000 денари ќе треба да почекаат додека владејачката коалиција не обезбеди 61 глас.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
