Македонија
10. March 2022 - 16:38

Владините мерки испратени до Собранието - Опозицијата тврди дека има подобри решенија

Владата ги испрати мерките за намалување на ценовниот шок во палраментот. Законските измени за акцизи и ДДВ се поднесени по итна постапка со цел побрзо да се намалат цените на бензините, велат од кабиентот на премиерот Ковачевски.

-Од седницата на Владата, на којашто се утврдени овие измени, е упатен апел до пратениците веднаш да ги усвојат, за да се обезбеди брза имплементација на вчера донесените мерки за заштита на животен стандард и ликвидност на компаниите“, коментираат од Владата.

Пратеничките групи во Собранието велат дека се подготвени да работат дури и за викендот за законските измени побрзо да бидат донесени. 

Опозицијата иако е на ставот да ги гласа мерките, најавува амандмани. Од ВМРО-ДПМНЕ се уште инсистираат на 50 отсто намалување на акциза за горивата. Свои предлози имаат и од Алијанса на Албанците.

И власта вели дека е подготвена веднаш за работа, но ја критикуваат опозицијата дека ги одоговлекува мерките со свои предлози иако Владата ги донела во инклузивен процес со коморите, синдикатите и експертите.

Засега во парламентот не е закажана нова вонтредна седница само за овие мерки, но не е исклучено ни такво нешто. Наредната нова редовна седница е дури на 15 март.