Владата со нова кампања ќе ја враќа довербата во ЕУ
Со нова кампања за придобивките од членството во ЕУ, владата на неколку месеци пред избори ќе ја враќа довербата кај граѓаните. Откако последните анкети покажаа дека расте евроскептицизмот, а во Брисел немаше одлука за продолжување на интеграциите, во следните 45 дена владиниот кабинет одново ќе убедува дека колку е важно Македнија да стане дел од ЕУ.
Крајниот рок кога треба да заврши кампањата „Европска иднина, поблиску од кога било“ се поклопува со времето кога веќе ќе бидат распишани претседателските избори.
Политичките аналитичари велат дека иако целта на ваквите кампањи е да се врати довербата кај граѓаните, избраниот тајминг пред изборите отвора простор за сомнежи дека ќе се искористи за влијание.
Комуниколозите пак велат дека кога веќе се прават вакви кампањи, потребно е и граѓаните да бидат активно вклучени, а не само политичките чинители.
Владата веќе склучила договор со скопската фирма „Вертиго НМЕ“ за повеќе од 300 илјади евра која ќе треба да организира пет панели, да изработат видео спотови, видео анимации, билборди . Првата панел дискусија стартува денеска а посветена е на земјоделието...
Од Илинденска конкретно не одговорија на нашите прашања која е целта на ваквата кампања, пред избори,особено што веќе беа организирани и серија други кампањи под слоганот „ Ние сме Европа“. Тврдат дека кампањата ќе овозможела подобро разбирање на реформите врзани со евроинтеграциите и приближување на европските вредности. Фокусот е ставен на пет области, односно економија, со која и започнува медиумската кампања, а понатаму следуваат и земјоделство, животна средина и ресурси, демократија и владеење на правото и млади.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
