Владата најавува ревизија и можно раскинување на договорот за автопатот Кичево-Охрид
На два месеци до крајот на најавениот рок за завршување на изградбата на автопатот Охрид-Кичево, вицепремиерот Артан Груби побара да се разгледа договорот на автопатот кој се гради 10 години, па ако треба и да се раскине.
Тој најави дека ова е скандалозно и неприфатливо и побара оние кои при проектирањето грешат да се започне кривична постапка против нив бидејќи самото одолговлекување ги чини живот граѓаните.
Премиерот Ковачевски најави дека ќе бара ревизија на овој проект за да се видат причините и согласен е дека треба да се размислува во насока на раскинување на договорот.
Автопатската делница Кичево-Охрид, е дел од Коридорот 8 во должина од 57 километри и инвестиција од 600 милиони евра, далеку над првично предвидените 374 милиони евра.
На терен нема забележителна градежна офанзива, нема бројна механизација, ниту голем број градежни работници, а не се ни гледа привршување на изградбата.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
