Владата на Нов Зеланд иницира процедура за забрана за користење социјални мрежи за лица под 16 години

Конзервативната Влада на Нов Зеланд денеска ќе поднесе во Парламентот предлог-закон со кој се предвидува забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години.
Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет.
За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.
„Едноставно не можеме да ја прифатиме штетата што се нанесува на цела една генерација деца“, изјави премиерот, Кристофер Луксон.
Тој нагласи дека социјалните мрежи ги изложуваат децата на штетна содржина, технологии што создаваат зависност и притисок со кој тие не се подготвени да се справат. Според Луксон, тоа влијае врз семејниот живот, менталното здравје, спиењето и образованието на младите.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
-

Итно е потребна трансплантација на срце кај охриѓанецот Дарко
