Владата молчи, опозицијата бара одговорност за обврската за 60 часовна работна недела
Молк во Владата по информациите за преземените обврски во договорот со Бехтел и Енка. Иако беше најавен став до овој момент се уште нема одговор дали е точно дека земјава преземала обврски да ја зголеми работната недела од 40 на 60 работни часа или во спротивно да плати стотици милиони евра пенали.
Одговор одбегна и Министерот за економија кој зборуваше за замрнзатите цени. Прво прифати да одговара на прашања надвор од темата, но кога го слушна прашањето, се предомисли.
Дали власта планира Кацарска судството да го оживее во Уставниот суд, праша денеска опозицискиот лидер кој рече дека е шокиран од обврските кои Владата ги презела во Договорот за изградбата на коридорите. Праша дали Владата не знаела дека Уставниот суд веќе ја прогласи за неуставна продолжената работна недела.
„Ова е шокантно и затоа овде кажувам дека веднаш по промената на власта за ова ќе има одговрност. Јас не се шалам кога зборувам за ова . Не знам колку сериозно ги сфаќаат овие работи, да не биде после лелекање и викање. Еве јавно им кажувам и на едниот и на другиот и на Ковачевски и на Груби, да нема после плачење, нема милост, ова се средства кои ги плаќаат граѓаните и тешко ги заработуваат.“ – рече Мицкоски.
Мицкоски ги повика граѓаните да не молчат и да бидат гласни, бидејќи како што рече, не треба да молчиме и да гледаме додека Груби и Ахмети на овој начин ни ја водат државата.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
