Вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени шест лица

На 18.05.2026 во 04:30 часот во скопско село на подрачјето на општина Чучер-Сандево, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.А.(33) од скопско, по претходна пријава дека околу 03:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга.
На 18.05.2026 во 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Т.(42) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 85-годишен дедо, дека во семејниот дом во село во општина Старо Нагоричане, по кратка расправија, физички го нападнал.
На 19.05.2026 во 01:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.Ќ.(43) и нејзината сестра Е.Ќ.(20), двете од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејна куќа во Куманово физички ја нападнале сопругата на нивниот починат татко.
На 15.05.2026 во 11:45 часот, 18-годишна тетовка пријавила дека нејзиниот 26-годишен сопруг од неготинско село, преку мобилна апликација ѝ се заканувал.
На 18.05.2026 во 20:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ѓ.М.(67) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека по кратка расправија во семејниот дом физички ја нападнал неговата 61-годишна сопруга.
На 18.05.2026 во 19:25 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода М.И. од Дебар, постапувајќи по претходна пријава неговата 23-годишна вонбрачна партнерка од Дебар дека на 15.05.2026 физички ја нападнал во семејниот дом.
На 18.05.2026 во 21:40 часот во битолско село, полициски службеници од СВР Битола го приведоа И.К.(50) од селото затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување. По извршен службен разговор, тој бил спроведен во здравствена установа.
Додека, на 19.05.2026 во 00:35 часот во СВР Битола, неговата 44-годишна жена пријавила дека на 18.05.2026 околу 18:30 часот, агресивно се однесувал во семејниот дом, ѝ се заканувал и физички ја нападнал малолетната ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
