Македонија
25. August 2022 - 12:19

Викенд становите им го земаат туристичкиот промет на охриѓани и стружани

Викенд становите им го земаат туристичкиот промет на охриѓани и стружани. Сопствениците иако немаат направено категоризација за сместување и не наплаќаат туристичка такса ги издаваат своите станови преку роднини и пријатели.

Приватните издавачи на станови, кои егзистират од туризмот, се жалат дека ваквата нелојална конкуренција по традиција е присутна години наназад. Од општина Струга пак велат  дека го спроведуваат законот со засилени инспекциски контроли.

Иако расте наплатата на туристичка такса во Струга,  сеуште има затајувачи и диви станоиздавачи.

Според Законот за такса за привремен престој, сместувачите се должни да платат туристичка такса по лице за остварено ноќевање. Казните за непочитување на обврската се движат од 600 до 4 илјади евра.