Македонија
12. January 2023 - 12:19
Вевчани одбројува пред стартот на Карневалот
Деновиве сите патишта водат кон Вевчани. Со богата културна уметничка програма за сите вкусови за бројните посетители од денеска стартува забавниот дел а утре дефилето на маски кое во строга тајност се чува до самиот почеток па се до 14 кога традиционално се изведува ритуалот на палењето на маските во центарот на Вевчани.
Вевчанци остануваат верни на традицијата и очекуваат огромен број на гости да го проследат овој настан.
Вевчански карневал — еден од најпознатите настани во Вевчани. Пишани извори сведочат дека е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2200 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
