Македонија
29. December 2023 - 16:45

Весна Дамева се враќа на чело на Судски совет, управен го поништи нејзиното разрешување

Весна Дамева се враќа на претседателската позиција во Судскиот совет. 

Управниот суд ја прифати нејзината тужба и ја поништи одлуката со која во април годинава беше разрешена.

Оваа пресуда никој нема можност да ја обжали што значи дека Дамева по автоматизам се враќа на позицијата до завршување на нејзиниот мандат во 2025-та година. 

Во телефонски разговор за Сител Дамева вели дека се уште го нема добиено решението.

Решението за враќање на Дамева експресно го поздрави министерот за правда Лога. 

Со ова се потврдуваат сите наводи на министерот кои во изминатиов период ги имаше за работењето и постапувањето на Судскиот совет со што се докажува дека на оваа институција и се неопходни реформи.

Одлуката на Управниот суд влева надеж за враќање на довербата во институциите и почитување на принципот на владеење на правото, се вели во соопштението на Правда.

Дамева беше разрешена на седница на 26 април по барање на тогашниот потпреседател Селим Адеми. Тој ја разреши Дамева и го превзема нејзиното место незаконски со само 7 гласа, чекор кој беше критикуван од сите домашни и меѓународни фактори. Контроверзното разрешување на Дамева беше една од главните причини за лошиот извештај на Европската комисија, но и причини Унијата да испрати и Оценска мисија која неодамна го објави извештајот со 40 препораки за реформирање на Судскиот совет.    

По скандалите во Судски и холандската амбасада стопираше милионски проект, а амбсадорот Коп порача дека ова тело е легитимно. Судски тогаш остана и без двајца членови кои поднесоа оставки.