Верстапен: Второто место е добро достигнување
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен го коментираше резултатот од Големата награда на Сингапур возаена во Формула 1 шампионатот. Холандскиот возач заврши втор.
-Знаевме дека ќе се соочиме со тешкотии овој викенд. Второто место е добро достигнување. Секако дека сме незадоволни од него. Сега треба да го подобриме нашето темпо. Тоа е она што ќе се обидеме да го направиме“, рече Верстапен по трката.
Заостанувањето на Верстапен од победникот на Големата награда на Сингаруп, возачот на Мекларен, Ландо Норис, изнесуваше +20,945 секунди. Првата тројка ја затвори уште еден пилот на Мекларен Оскар Пјастри (+41,823).
Верстапен собра 331 поен и продолжува да води во генералниот пласман кај возачите. Норис има 279 бодови и е на второто место. Леклер е трет со 245 бодови.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
