Верстапен победи на трката за ГН на САД
Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на трката за Големата награда на САД возена вечерва во Остин.
За Холанѓанецот ова е 18 победа во неговата кариера во Формула 1 шампионатот, додека за Ред Бул 200 подиум.
Втор на целта пристигна возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон кој заработи и дополнителен поен за најбрзиот круг.
На третото место е уште еден претставник на Ред Бул, Серхио Перез.
Бодови во Тексас освоија и: Шарл Леклер (Ферари), Даниел Рикардо (Мекларен), Валтери Ботас (Мерцедес), Карлос Саинц (Ферари), Ландо Норис (Мекларен), Јуки Цунода (Алфа Таури) и Себастијан Фетел (Астон Мартин).
Кај пласманот за конструктори, Мерцедес е прв со 460,5 бода, пред Ред Бул со 437,5 и Мекларен со 254.
Следната етапа од Формула 1 шампионатот е од 5-7 ноември во Мексико.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Дизелот ќе поевтини
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за блокади и предавства
-

СДСМ: Срамни обиди за рехабилитација на осудените за 27 април
-

Стартува реконструкцијата на Универзална сала
-

Државата се дигитализира, но не сите со исто темпо
-

Дојран ја подготвува првата инклузивна плaжа во државата
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
