Верстапен: Немам цел да ги бркам Шумахер и Хамилтон, но ако се пружи шанса ќе атакувам на нивните седум титули

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, стана четирикратен шампион по трката за Големата награда на Лас Вегас минатиот викенд. Холанѓанецот нема цел да ги достигне лидерите по бројот на титули во историјата на Формула 1 – Михаел Шумахер и Луис Хамилтон кои имаат по седум титули.
-Јас не си поставив такви цели за себе. Да, ако можам да го постигнам ова, ако ми се укаже шанса ќе се обидам да го нападнам нивното достигнување. Но, веќе сум многу горд што освоив четири титули. Односно, на крајот нема многу разлика меѓу една и седум титули. Се разбирам ако успеете да го повторите вашиот успех неколку пати, тоа е одлично. Знам дека секогаш кога ќе седнам зад воланот на автомобилот ќе се трудам да го покажам својот максимум. Со нетрпение очекувам да видам што можеме да направиме следната сезона. Во моментов не е јасно колку ќе бидеме брзи, изјави Верстапен.
Тој доминира во Формула 1 од 2021 кога за прв пат стана светски шампион.
Ново на Сител
-

Сопственикот на Алта банка го шири бизнисот – купува 5 фирми во Србија
-

Лица со хемофилија без терапија а донација стои во магацин 1 месец
-

Примирјето во Либан стапи во сила
-

Европски конгрес на абдоминални хирурзи во Скопје
-

Илон Маск донатор во Стоби
-

Доградба на ОУ „Страшо Пинџур“, од следната учебна едносменска настава во цела О. Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
