Македонија
7. January 2023 - 16:37

Веронаука во струшко Враништа учат над 60 деца

Струшко Враништа пример за тоа како од најмали нозе се негува православието и верата. 

60-тина деца на возраст од 5 до 15 години секоја недела одат на богослужба ги учат црковните песните, библијата, патуваат во манастири и организираат хумантарни акции.

Оваа идеја на свештеникот и учителката има за цел да направи спој на верското воспитание и образовниот процес, најмладите да се научат на почит и чесност, а воедно да израснат во здрави морални личности.

Децата пеат во црковниот хор, учат и се дружат.

Веронауката има за цел да ги поттикне учениците на одговорно однесување во училиштето, во семејството и  животот, а значително ќе го намали и бројот на деца кои посегнуват по разни пороци од најмала возраст.