Вембањама прогласен за одбранбен играч на годината во НБА за сезоната 2025/26

Центарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама, е прогласен за одбранбен играч на годината во НБА за сезоната 2025-26, според ESPN.
Дваесет и двегодишниот Французин стана првиот играч што едногласно ја освои наградата.
Вембањама е најмладиот добитник на наградата за одбранбен играч на годината. Тој исто така стана првиот играч на Сан Антонио Спарс што ја освоил наградата по Кавај Ленард, кој ја освои во две последователни сезони (2014/15 и 2015/16).
– Вистинскиот предизвик веројатно беше да се стигне до 65 натпревари. Среќен сум што ја освоив оваа награда и всушност сум многу горд што сум првиот што го направи тоа едногласно, изјави кошаркарот за „NBC Sports Network“.
Вембањама ги доби сите 100 гласови за прво место. Шеи Гилџус-Александар од Оклахома Сити заврши втор со 76 гласа. Осу Томпсон од Детроит заврши трет.
Во основниот дел од НБА сезоната 2025/26, Французинот имаше просек од 25 поени, 11,5 скока и 3,1 асистенции.
МИА
Ново на Сител
-

Обложувалниците против новиот закон
-

Крај на учебната 2025/2026 година и почеток на летниот распуст
-

Телеком донира опрема за училишта
-

Клековски: Прво да се зајакнат регионалните болници па да се направи анализа дали треба нов Клинички
-

ДЗС бара луѓе за летна борба со пожари, плата 44 илјади денари
-

Крај на учебната 2025/2026 година
-

Над 100 текстилни работници од две штипски конфекции без плати и придонеси
-

Менталното здравје кај младите бара поголемо разбирање
