Македонија
21. July 2026 - 14:10

Велосипедист загина во сообраќајна несреќа кај Кочани

На 20.07.2026 околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани - Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од Кочани.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судската медицина за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани, соопшти МВР.