Велика Британија денеска привремено пушта на слобода околу 1.750 затвореници

Велика Британија го започна предвременото ослободување на околу 1,750 затвореници, и покрај предупредувањата дека тоа е „ризично“ и може да создаде „хаос“.
Овој потег е направен за да се ослободи простор во преполните затвори. Британската влада вели дека немало алтернатива и дека се заканувал „целосен колапс на казнено-поправниот состав“.
Главниот управник на британските затвори, Чарли Тејлор, предупреди дека тие може да станат „ротирачки врати“. „Ова е ризично време бидејќи толку многу затвореници излегуваат во исто време.
Нормално е да се ослободуваат околу 1,000 затвореници неделно. Повеќето од тие илјада ќе бидат ослободени оваа недела.
Но, згора на тоа, имаме уште 1,700 други затвореници кои излегуваат“, истакна Тејлор за Скај њуз.
Објаснувајќи ја одлуката, министерката за правда Шабана Махмуд рече дека наследиле „затворски систем на работ на колапс“. „Ова не беше промена што сакавме да ја направиме.
Тоа беше единствената опција што остана на маса бидејќи алтернативата ќе значеше целосен колапс на кривично-правниот систем“, рече Махмуд.
Предвременото ослободување нема да важи за сексуални престапи, тешко насилство и терористички казнени дела, како и некои случаи поврзани со семејна злоупотреба.
Владата вели дека ја објавила одлуката што е можно поскоро за да им даде време на службите да се подготват. Британските затвори минатата недела достигнаа рекордна популација од повеќе од 88,500.
Ново на Сител
-

При претрес во Скопје пронајдени дрога и фалсификувани банкноти
-

Засилени контроли - 75 прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување
-

Герасимовски: Финишираме со „Ленинова“, се реконструираат последните 250 метри од сообраќајницата
-

ЕУ во вториот квартал купила исти колични нафта, но ги платила 55,8% поскапо
-

Рози Мицкоска на приемот кај првата дама на САД, Меланија Трамп
-

Командант на НАТО тврди дека Путин станува сè поопасен и посклoн кон ризици околу војната во Украина
-

Гутереш: Нема алтернатива решението со две држави за израелско-палестинскиот конфликт
-

Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк
