Македонија
20. August 2022 - 16:50

Вечерва завршува охридско лето

Со настап на театарската претстава Вујко Вања од Антон Павлович Чехов во режија на Егон Савин а во изведба на Југословенски драмски театар вечерва ќе се спушти завесата на 62то издание на фестивалот Охридско лето.

Директорката на „Охридско лето“ изрази задоволство, за, како што рече, уште едно успешно реализирано Фестивалско издание.

– Реализиравме фестивалско издание кое ги задоволи вкусовите и на најпребирливата публика. На сцените на Античкиот театар, црквата Св.Софија, Предворјето на Св. Софија, Долни Сарај и Центарот за култура со одржаа 36 концерти, девет театарски претстави и шест настани во дополнителната програма.

Настани кои беа проследени од над 20 илјадна публика која уживаше во секоја една вечер, истакна Поповиќ.