Македонија
24. August 2026 - 18:34

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Вчера (23.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на целата држава, насочена кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

При контролата се констатирани 140 прекршоци, од кои 102 се однесуваат на управување без задолжително носење заштитен шлем – кацига. Констатирани се и двајца возачи кои управувале под дејство на алкохол.

Од вкупниот број прекршоци, 33 се на територијата на СВР Струмица, 17 во надлежност на СВР Тетово и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, 15 во СВР Куманово, по 13 во СВР Битола и СВР Охрид, 12 во СВР Велес, 11 во СВР Скопје и девет во СВР Штип.

За констатираните прекршоци преземени се соодветни мерки и санкции согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, додека за осум возачи се поднесени кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Дополнително, при контролата биле констатирани и 156 прекршоци од друг вид.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Апелираме до возачите на мотоцикли, мопеди и другите видови возила да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително да користат заштитна опрема и да не управуваат под дејство на алкохол.