Васоски: Заслужена победа, постигнавме гол во вистинско време

Фудбалерите на Силекс синоќа во финалето од Купот на Македонија ја совладаа Шкендија со 1:0.
„Според очекувањата, вечерашниот натпревар беше тежок. Шкендија можеби беше подобар противник во поле, но тоа беше дел од тактиката. Не може секој натпревар особено на ваков важен меч да се игра атрактивно. Одигравме како што се договоривме. Свесно го префрливме Додев на левата страна, да направи вишок и успеавме во тоа, дадовме гол на време и сметам заслужено го освоивме Купот. Им честитам на момците, ако минатата за малку ни избега трофејот во шампионатот, оваа година го земавме Купот што е голем успех за нас“, изјави тренерот Александар Васоски на прес-конференцијата.
„Ова не беше најдобар натпревар на Силекс сезонава, но првично се договоривме да ги затвориме сите приод и после 60-та минута да удриме со силно оружје. Затоа можеби Мирчевски остана на клупата, но токму во тие мигови кога се одлучуваше мечот поентиравме“, додаде Васоски.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
