Вардар во криза? Поразот од КуПС отвори многу прашања

По поразот од 2:0 од финскиот шампион КуПС во првиот квалификациски натпревар, во јавноста се појавија сериозни критики за состојбата во ФК Вардар, навивачите и спортските аналитичари отворија прашање дали клубот се соочува со организациска и резултатска криза.
Најголем дел од забелешките се однесуваат на подготовките во Италија, изборот на противници за контролните натпревари, летниот преоден рок и настапот на новите засилувања, особено фудбалерите кои пристигнаа од Аргентина. Критики има и за играта на тимот, за која се оценува дека била без јасен план и препознатлив систем.

На удар се најдоа и тренерот Кристијан Фабиани, како и клупското раководство предводено од Миленко Неделковски. Во дел од коментарите се поставуваат прашања околу трансфер-политиката, изборот на засилувања и начинот на кој се носат одлуките во клубот, додека се бара и поголема вклученост на сопственикот Атила Бијан Јалили.

Според критичарите, актуелниот Вардар остава послаб впечаток од тимот од минатата сезона, кој под водство на Гоце Седлоски беше поорганизиран и поконкурентен на европската сцена.
И покрај негативата од два гола, Вардар ќе има можност на реваншот против КуПС да се обиде да го поправи впечатокот и да остане во игра за пласман во следната квалификациска рунда. Сепак, поразот во Скопје отвори бројни дилеми околу насоката во која се движи најтрофејниот македонски клуб.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Уставен одлучува за платеното рекламирање по иницијатицата на Левица
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
-

Сиљановска на Самитот на НАТО: Обединета Европа значи посилна Европа
-

Локалитетот „Баргала“ можеби „крие“ постара историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
