-->
-->
Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-->

Вардар денеска официјално стана новиот фудбалски шампион на Македонија, откако славеше на гостувањето кај Струга со 0:1.
Вардарци успеаа да дојдат до водство уште рано во натпреварот, кога во петтата минута Стефан Цветковиќ успеа да погоди за водство на скопјани.
Струга во второто полувреме имаше неколку одлични шанси, но голманот на Вардар Талевски беше сигурен и ја сочува предноста на својот клуб.
Со оваа победа Вардар ја осигура титулата на едно коло пред крајот и ќе учествува во квалификациите за Лигата на шампионите.
Од останатите македонски претставници во Европа, Шкендија ќе настапи во Конференциската лига, а третиот претставник ќе биде познат по Купот на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
