Вардар 1961 остана без групна фаза во Лига Европа
Ракометарите на Вардар 1961 претрпеа попладнево пораз на реваншот на гостински терен против германски Рајн Некар и останаа без пласман во натпреварите по групи во Лига Европа.
Македонскиот тим се најде во невозможна мисија да обезбеди место во групната фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување, откако на првиот натпревар во Скопје загуби со 34-25, а во реваншот претрпе пораз од 37-33 (17-17).
Најефикасен во редовите на македонскиот тим беше Милан Лазаревски со седум погодоци, а еден помалку постигнаа Томислав Јагуриновски и Стефан Петриќ.
Со елиминацијата на Вардар 1961, единствен македонски претставник во групната фаза во Лига Европа ќе биде вицешампионот Алкалоид. Тимот предводен од македонскиот селектор Кирил Лазаров ќе игра во групата Ф против Силкеборг, Ла Риоха и Војводина.
Натпреварите од групната фаза ќе стартуваат во октомври.
Ново на Сител
-

Србија ја испраќа до Венецијанската комисија првата верзија на измените на пакетот судски закони
-

Астон Вила и Фрајбург во борба за пехарот во Лига Европа
-

Кристал Палас и Рајо Ваљекано ќе се борат за пехарот во Конференциската лига
-

Иранските медиуми јавија за експлозии кај Бандар Абас и на островот Кешм; „Фокс њуз“ тврди дека станува збор за американски напади
-

Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин на товарен брод
-

Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговскиот договор, во спротивно следуваат повисоки царини
-

Официјално отворање на шестата еко-акција Генералка викенд
-

Над 27.000 деца ќе учествуваат на „Плазма - Спортските игри за млади“
